Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денес во Охрид оствари средба и работен состанок со албанската делегација предводена од министерот за надворешни работи, Игли Хасани.

Разговаравме за одличните билатерални односи, унапредување на добрососедските односи, економска и трговска соработка. На средбата стана збор и за процесот на интеграција во ЕУ, партнерството во рамки на НАТО Алијансата и соработката на мултилатерален план, посочи Муцунски.

По средбата делегациите предводени од министрите на двете држави присуствуваа на отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга, кој, како што истакна Муцунски претставува значаен чекор во насока на продлабочување на конзуларната, но и политичко-економската соработка меѓу двете земји.

Албанската делегација вчера попладне беше пречекана и од градоначалнникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој ја искористи приликата и за промоција на културно-истриското наследство на Охрид.

Н.С.Ј.