Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде е предвидена средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп.
Муцунски најави дека деновиве ќе биде и домаќин на катарскиот министер, а неделата ќе ја заокружи со учество на „Дубровник форумот“.
Продолжуваме во Битола и Скопје, каде што ќе бидам домаќин на катарскиот министер. Неделата ја заокружуваме на „Дубровник форумот“. Фокусот е на билатералната соработка, економијата, инвестициите и европската интеграција, посочува Муцунски во објавата на неговата Фејсбук страница.
OhridNews