После долг и заморен ден секој човек оди дома. Да се одмори, да ужива со својата фамилија или пријателите или во добро друштво со малце вино, ракија и мезе. Исто и јас сум човек кој сака да ужива во своето слободно време. Но завчера имав посебно уживање пред мојот телевизор. А1 ми овозможи мене и на сите македонци на овој свет едно добро патешествие или трилер со вовед, заплет и заклучок. Едно сценарио на фрустрација, омаловажување и потценување на народот, манипулација и лаги. Во неколку зборови би го опишал како ретроспектива на целото наше минато во 5 часовна репортажа.

Но нешто ме натера да размислам дека во секој трилер има заплет кој е доста заплеткан во својата мрежа, па на крајот се дознава вистината и сите викаме – УАУ  за ова никогаш немаше да се сетам. Ама во секој филм има работи што те тераат да се посомневаш.

Да бидам директен.

Завчерашниот филм го започнав со грди зборови за власта и нејзиното диктаторство… бев нервозен затоа што го очекував тој чекор. Но нешто се смени. Трилерот веќе доби заплет и работите веќе почнаа да имаат смисла. А1 имаше креативно сценарио за манипулација и добар напад врз полицијата. Да појаснам (Уште од пред 5-6 месеци излезе изјава дека УЈП и Финансиска Плиција ке вршат инспекции со присуство на Полиција во компании што одбиваат да соработуваат). Значи полицијата не била на тоа место за А1 телевизија туку за други фирми. Не сфаќам што е тука толку не јасно и зашто А1 мораа да кренат толкава паника. Можда недоразбирање, но се случи. И започна. Неспособноста на полицијата да ги надвика новинарите доведе до засилено обезбедување и засилена полициска поддршка која прерасна во револт кај граѓаните. Но кои граѓани? Мора да се посочи кои пошто кај нас поделбата на статусот на граѓаните е ВМРО, СДСМ. Па видов плави знамиња. Тоа беа веројатно граѓани на Р.Македонија од СДСМ. Револтот растеше а фанатиците на своите водачи ги слушаа како тие ВНАТРЕ ВО А1 ТЕЛЕВИЗИЈА заедно со нивните љубители новинари развиваа теорија против власта и против народот.

Имам едно прашање: Како во еден момент на фрустрација од телевизија која е против волјата на водителите или би рекол против власта, блиска со опозицијата, во тој исти момент сите пратеници, функционери и големи луѓе во СДСМ се најдоа на исто место, сите беа слободни за разговор иако во други моменти се недостапни, но сега беа на исто место во исто време во А1 телевизија и ја прераскажуваа по мое веќе однапред развиената теорија и разработеното сценарио. Додека новинарите се БОРЕА да влезат во нивната телевизија, пратениците слободно се движеа, слободно влегоа и слободно ја започнаа нивната расправа. Хаос во хаос… или Теорија на хаосот. Борјан Јовановски тврдеше дека новинарите биле тепани. Извини Борче Јованче ама и јас сакам да имам куќа на 3 спрата и да возам мерцедес ама изгледа ти подобро сонуваш од мене ама барем мислев дека те служат очите. Освен пискање во турканица од новинарката и надвикување не видов тепање….. Не видов фозичко малтретирање. Се што видов е дека вие го измалтретиравте народот, го вознемиривте и го доизманипулиравте. Ја довршвте работата што  ја започна ВМРО-ДПМНЕ. Тие започнаа со манипулациона тактика, остварија апсолутна власт што не доведе резултати и некако нештата не функционираат како што треба, а вие со Бранче како деца со нова играчка ја ископиравте тактиката на Николче и направивте безредие. Јасно е дека секоја копија е бедна.

Да појаснам: не сум политички определен и не следам никој мегаломански мозок, а не особено размислувањата на Бранко, Грујо, Детето во земјата на чудата, Љубчо, Петко, Трајко, Ставре или Шекерка па дури и Гаргамелчо. Додека на 2 телевизии се развиваа теориите на 2 вида народи во Македонија, од една страна македонци на СДСМ,  од друга македонци на ВМРО-ДПМНЕ, останатите смртници кои мислам дека дури и ги нема, мирно гледаа во своите телевизори и се надевам се чудеа на малоумноста на нашите МУДРЕЦИ (па мудри луѓе се тие бе). Сепак можда имаше поента моето писмо, можда и немаше. Според мене овој текст е еден безмислен склоп на многу зборови.

На крај трилерот заврши и сите си отидоа дома. А јас останав со мисла и со надеж дека во иднина можеби ќе биде подобро. А мојата порака е до македонците без значење дали тие се Македонци од СДСМ, Македонци од ВМРО-ДПМНЕ, Македонци од ДУИ, македонци  од ДПА. Можда ВМРО-НП ќе се буни на моето писмо што не беа спомнати а нивната младина ќе го прогласат за не валидно зошто не се вклучени во овој збир на зборови (да појаснам на младината ЗБИР значи МНОЖИНА на ЗБОРОВИ а ЗБОР е множина на БУКВИ)

ДО НАРОДОТ, ДО ЛУЃЕТО МАКЕДОНЦИ КАКО САМОСТОЈНИ ЛИЧНОСТИ:

НЕМОЈТЕ ДА ДОЗВОЛИТЕ ДА ВЕ ИЗМАНИПУЛИРААТ НЕКОИ ЖЕЛНИ ЗА ВЛАСТ, ФРУСТРИРАНИ ТЕЛЕВИЗИИ, ТРИЛЕРСКИ СЦЕНАРИЈА ЗАТОА ШТО НА КРАЈ ОД ДЕНОТ ВИЕ СТЕ САМОСТОЈНИ НЕКОИ ПОЛНОЛЕТНИ НЕКОИ НЕ НО СЕПАК ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ ВАШЕТО РАЗМИСЛУВАЊЕ. СЛОБОДА НА ГЛАС- ИЗРАЗЕТЕ СЕ. СЛОБОДА НА ГОВОР- ГОВОРЕТЕ. СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ- ДВИЖЕТЕ СЕ. СЛОБОДА НА МАКЕДОНЕЦОТ, ЗАТОА ШТО ТОА ВИ ГО ОВОЗМОЖИЛЕ ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ И ТИЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ НА КОИ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ.

Мојот татко е претседател за мене, а мојата мајка е првата дама. Не дозволувајте да ве води некој кој не знае дека постоите и дали воопшто газите на оваа земјина топка.

Со почит до сите новинари напоменувајќи повторно дека го пишувам писмото без партиска наклонетост и национална определеност. Пишувам за сите Македонци и сите Мудреци и Водачи на ова безизлезие, недогледие, хаос и најлошото…. страв од денот после денес (утре) за своите наследници, нашите гордости и нашите вредности. (се надевам сеуште ги имаме).

Авторот е познат на редакцијата

*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.