Шпанската тенисерка Гарбин Мугуруза сензационално триумфираше на гренд слем турнирот Роланд Гарос победувајќи ја во финалето Серена Вилијамс во два сетови (7-5, 6-4).


Мугуруза иако прв пат стигнува до титулата од гренд слем турнир покажа голема смиреност и квалитет во финалето против моменталната владетелка во тенисот.

Американката Вилијамс после поразот во финалето остана на 21 титула од гренд слем турнирите и заостанува уште една од Германката, Штефи Граф.


Францускиот гренд слем турнир ќе се комплетира в недела со финалето во машка конкуренција меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

OhridNews