Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“, утре ќе се одржи 13. издание на Мултиетничкиот фестивал за деца „Струга 2023“.

На годинашното Фестивалско издание, како што соопшти Центарот за култура, ќе настапат ученици од музичкото основно училиште „Тодор Скалоски – Тетоец“ од Струга, бендот „Last of us“, дечиња од фестивалот „Распеано рибарче и К2 ѕвездички“ од Охрид, културно уметничките друштва „Шпреса“ од Велешта и „Делогожда“ од Делогожда…

Организатор на Фестивалот, кој ќе има хуманитарен карактер е центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Бојан Крстески, член на драмското студио „Миладин“ од Струга.

OhridNews