– Најубаво е да се пишува за деца, бидејќи тогаш влегуваш во свет, во кој времето запира, а срцата таму се најискрени и најчисти. Токму поради тоа боенката ја осмислив како една аудио- визуелна целина: да се чита, да се бои и да се слуша, вели авторката Пирузева Петровска.
Весна Пирузева Петровска досега има подготвено две стихозбирки. Едната со љубовна тематика и другата со поезија за деца.
Покрај со пишување поезија и проза, промовирајќи го здравиот начин на живеење, Петровска има напишано и Прирачник за здрав живот и други брошури кои опфаќаат теми од областа на нутриционизмот.












