На 25 септември, петок, во 20 часот во Култ Културен Центар во Охрид ќе се одржи мултимедијална изложба и перформанс на тема Grief Tree.

Тема на изложбата e наградуваниот краток расказ The Grief Tree од Мелоди Маршал, а резултатот од креативниот процес ќе може да го видите на заедничката изложба, велат организаторите.
Учесници во настанот се Ана Ѓуриќ (Србија) – фотографија, Игор Станглицки (Србија) – саундскејп, Кристина Зимбакова (Македонија)- сликарство, Наташа Милојевиќ (Србија)- перформанс, Смиља Јанковиќ (БиХ) – инсталација.
OhridNews











