Десеткратниот шампион на Европа, Реал Мадрид и производителот на спортска опрема Адидас ќе ги поместат границите во спортот, ако го потпишат најавениот договор.
Важечкиот договор на Адидас со „кралевите“ за произведувањето на дресовите е од 2010 година и истекува по завршување на оваа сезона.
Челниците на германската компанија и кралскиот клуб преговораат за нов договор кој ќе вреди неверојатни 140 милиони евра по сезона.
Моментално најмногу од Адидас заработува Манчестер Јунајтед 98 милиони евра по сезона кој потпиша десетгодишна верност со компанијата.
На второто место е заштитниот знак на Германија, Баерн Минхен со заработка од 80 милиони евра годишна.
OhridNews











