Челниците на Серија А и америчката агенција за медиуми ИМГ постигнаа договор вреден 371 милиони евра за откупување на телевизиските права.

Во пакетот коj го откупи америчката агенција спаѓаат натпреварите од Серија А и Б лигата, Купот на Италија и дуелот во Супер купот на Италија.

Вкупно 18 од 20 клубови од најсилната лига гласале позитивно на состанокот кој го имале заедно со челниците од Серија и ИМГ агенцијата.

Новиот договор за ТВ првата на италијаните ќе им донесе двојна заработка од минатиот кој го имаа склучено и ќе трае до 2021 година.

OhridNews