Почетокот на Новата година значи сумирање на впечатоците и резултатите од годината што изминала. Се прогласуваат најдобрите и се величат, секако, но има избор и за играчите кои одиграле под своите можности и очекувања од стручњаците и навивачите.

Помеѓу десетте фудбалери кои потфрлиле во 2018 или пак се очекувало многу повеќе се наоѓаат играчи од гигантите какви што се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Од редовите на Реал Мадрид се наоѓа Иско кој требаше да ја преземе дирегентската палка во екипата после заминувањето на Кристијано Роналдо. Во ТОП 10 место има и за Кутињо. Бразилецот за неверојатни 150 милиони евра се пресели во Барселона од Ливерпул, но се уште ја бара формата од Енфилд.

Манчестер Јунајтед свој преставник има во Ромелу Лукаку кој повеќе на насловните страни се наоѓа за своите слаби перформанси, отколку голови. Од синиот дел од Манчестер доаѓа Габриел Жезус кој со слабата форма го изгуби и стартното место во екипата.

Помеѓу десетте фудбалери има и голман. Некогашниот ѕид на голот на минхенски Баерн Мануел Нојер далеку е од своите најдобри изданија. Нојер се вклопи во сивилото на „баварците“ кои одиграа полусезона под очекувањата.

Фудбалери кои го дополнија списокот се Томас Лемар (Атлетико Мадрид), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Лацио), Вилијан (Челси), Гонзало Гедеш (Валенсија) и Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд).

OhridNews