Перуанскиот напаѓач Паоло Гереро ќе заигра на Светското првенство во Русија ова лето, откако ФИФА одлучи да му ја намали суспензијата од една година на шест месеци.
ФИФА пред два месеци ги шокираше перуанците кога објави дека Гереро не ќе може да игра на Мундијалот во Русија поради позитивен допинг тест на кокаин. На тестирање еден од најзаслужните за учеството на Перу на Мундијалот бил после квалификацискиот меч со Аргентина.
Најзаслужни за ваквиот среќен крај се адвокатите на Гереро кој на неверојатен начин го одбранија својот клиент пред органите на правдата. Тие како доказ имаа мумија стара 500 години. Кога во 1999 година мумиите биле откриени во Андама и тестирани во една нив имало остатоци од кокаин.
Гереро пред судот призна дека користел кокаин, но не во периодот во кој бил тестиран. ФИФА одлучи да му ја намали суспензијата, а не и да му ја укини, бидејќи ќе се испрати лоша порака.
Перу во групата на СП во Русија се наоѓа со Франција, Австралија и Данска.
OhridNews