Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино ќе го следи примерот на УЕФА која го зголеми бројот на учеснички на Европското првенство од 16 на 24 репрезентации.
Неодамна избраниот претседател на ФИФА планира да го зголеми бројот од 32 на 40 или 48 репрезентации кои ќе учествуваат на Светското првенство.
Завршницата од Мундијалот ќе си остане со 32 селекции, но ќе има една прелиминарна рунда во која репрезентациите ќе се борат за учеството на светскиот собир.
Новитетите кои се уште не се усвоени и спроведени веднаш наидоа на негативни реакции, а Инфантино исто така даде свое видување.
– Не се согласувам со замерките дека ќе квалитетот ќе биде намален на Мундијалот. Нивото на фудбалот се зголемува на секаде во светот, а правопропорционално тоа значи зголемување на квалитетот на Мундијалот. – рече првиот човек на ФИФА.
OhridNews