Само пред неколку недели, Велс го доби признанието за најголем скок на ФИФА/Кока Кола рејтинг листата во 2011. За првпат во својата историја што ги подгреа надежите на велшките фанови за подобри денови на националниот тим.

Џон Тошак  е национална икона на Велс, но поранешната ѕвезда на Ливерпул овој прогрес го  пречекува со измешани чувства. Неговото срце и душа се посветени на неговата земја, но на спротивната страна тој ќе мора да покаже целосна посветеност на неговиот моментен ангажман.

Како селектор на Македонија, Тошак ќе се сретне со Велс во квалификациите за СП 2014. „ Тоа е извонредна ситуација, но се надевам дека ќе видиме два многу добри натпревари“-изјави Тошак ексклузивно за “FIFA.com”

Рамноправна група

62-годишниот  Тошак ја превзеде функцијата  во Август 2011.  Тој лично ја смета задачата како развојна улога, иако за 6-те месеци откако е селектор ги опиша  почетните импресии како позитивни.  Според долгата тренерска кариера вклучувајќи ги и годините со Реал Мадрид, Бешикташ и како  селектор на Велс во 1994 и од 2004-2010,  мисијата со нацијата рангирана на 103-тото место во светот е нова и полна со можности. „ Се работи за голем предизвик, но во секој случај, потребни се подобрувања од секој аспект на инфраструктурата во Македонија“-изјави Тошак.

Рекордот на Тошак со Македонија е две победи, две нерешени средби и два порази.  Во квалификациите за ЕП 2012, „Црвените лавови“  го освоија 5-тото место во Б-групата со 6 екипи. Со тоа фокусот на новата кампања е место на СП во Бразил.  Нацијата од југо-источна Европа е полноправен член на ФИФА од 1994г,  и сеуште нема пласман на мундијалите. Во четири обиди од 1998 до 2010г,  се издвојуваат само нерешените резултати со Холандија во квалификациите за СП во Германија.

Мора да зборувате постојано со вашите играчи. Ги тренирам играчите на ист начин на кој тренирав јас во Ливерул пред 40 години.

„Негостопримствата “ стартуваат во есента 2012, Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска…Велшанецот се обиде да ги охрабри капитенот Горан Пандев и неговите соиграчи: „ Се работи дефинитивно за интересна и израмнета група. Секој секого може да победи“. 62 годишниот Тошак чувствува дека останатите селекции ја сметаат Македонија како топовско месо. Но  што  е тоа што тој го смета како тимска сила?- „Се уште се обидувам да откријам“- возвраќа Тошак.

Човекот кој постигна 13 гола во 40 интернационални средби сигурно има големо искуство во квалификациите за Светскиот куп, и како играч и како поранешен селектор на Велс.  Сепак сеуште нема  завршен турнир во обете конкуренции иако како стрелец неговиот рекорд е многу истакнат.  Како играч на Ливерпул го освои англиското првенство три пати и два пати УЕФА купот, постигнувајќи скоро 100 голови во 250 средби за повеќе од 8 сезони.

Благословен со среќа

Тошак чувствува дека во времињата порано имал среќа, и како играч и како тренер, нешто без што  импресивната кариера би била речиси невозможна. Сепак тој потсетува на два посебно незборавни моменти. „ Од една страна е голот што го постигнав кога ја победивме Барселона со 1-0 ( Камп Ноу, прва средба од УЕФА купот- полуфинале) и од друга, 38-те лигашки гола на Хуго Санчез кога јас го освоив првенството со Реал Мадрид во 1990“.

Велшанецот е комуникативен и традиционалист кога станува збор за тренирање. „ Мора да им зборувате постојано на вашите играчи. Ги тренирам моите играчи на ист начин како што јас тренирав пред 40 години во Ливерпул“. Фудбалот се разбира е многу сменет во последните декади, особено во поглед на играчите,  и нивната физичка и фитнес подготовка, но Тошак смета дека системите и филозофијата на игра во основа се исти.

Останува да видиме што поранешниот голгетер може да постигне со балканските „златни рипки“.  Дали Македонија е сериозен кандидат за место во Бразил или пак ќе биде само случајно вознемирување  за селекциите на Србија, Хрватска или извонредно подобрената Белгија?  Првите „пресуди“ ќе паднат кон средината на Септември кога Македонија ќе патува за Хрватска и Шкотска.

Ohridnews