Со погодокот на Грција против Костарика во судиското продолжение вкупниот број на погодоци стигна до 145 и се изедначи на головите постигнати пред четири години во Јужна Африка.

Светското првенство во Бразил е задоволство на сите фудбалски гурмани не само по бројот на головите туку и разноврсноста во играта и доминацијата на селекциите.

Јужно америчките (Чиле, Колумбија, Уругвај) на Мундијалот заиграа многу поважна улога него европските (Англија, Италија, Хрватска, Шпанија и Португалиј) кои предвреме од очекувањата ги спакуваа куферите и заминаа од Бразил.

Ако голгетерите продолжат да ги тресат противничките мрежи како до сега тогаш Мундијалот во Бразил ќе биде најефикасен откако е зголемен бројот на репрезентации учесници од 24 на 32.

Има уште десет натпревари за „билдање“ на головите, но уште толку за уживање на фудбалските гурмани во магијата на Светското првенство во фудбал.

Мх.П.