Првиот и финалниот натпревар на Светското првенство кое во Русија ќе се одржува во 2018 година ќе се одиграат на „Лужники“ стадионот во Москва, потврди Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Четвртфиналните натпреваринатпревари ќе се играат на стадионите во Казањ, Нижни Новгород, Сочи и Самара, додека домаќини на полуфиналните средби на Мундијалот во 2018 година ќе бидат Санкт Петербург и Москва, пренесува „Макфакс“.
Домаќинот на СП, Русија првиот натпревар со кој ќе биде отворен Мундијалот ќе го одигра на 14.јуни, додека финалето е закажано за 15.јули.
ФИФА исто така соопшти дека Купот на Конфедерации во 2017 година, на кој учествуваат сите континетални шампиони и актуелниот светски првак, ќе се одржи од 17.јуни до 2.јули.
Ohridnews