На Светското првенствво во кошарка, што се игра во Шпанија, вечерва, на програмата беа натпреварите од групите Ц и Д. Во натпреварот на вечерта во Ц групата, САД ја декласираа селекцијата на Нов Зеланд со 98:71. Дејвис за 22 минути игра постигна 21 поен и имаше девет скокови.

Во вториот натпревар од групата Украина ја совлада Турција со 64:58. Колото во Ц групата го заокружија Финска и Доминиканската Република 68:74. 

Во групата Д, Мексико ја совлада Ангола со 79:55 и стигна на чекор до осминафиналето. Литванија загуби од Австралија 75:82, а Словенија ја прокнижа третата победа на мундобаскетот откако беше пуспешна од Ј. Кореа 89:72.

OhridNews