Во рамките на проектот „Да ги овековечиме вредностите“ (цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот 55 години од творештвото, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал.

Муралот ќе биде завршен во текот на идната недела, а е дело на академскиот сликар Горан Ристовски, информираат од Општина Охрид.

Неодамна беше промовирана и монографијата посветена на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена.

Уметноста на Манасијески е претставена во Токио, Њујорк, Венеција, Фиренца, Париз, Охрид, Верона, Палермо…, а добитник е на награди од повеќе уметнички центри, меѓу кои интернационалната „Микеланџело“, наградата од жири комисијата на биеналето на нациите во Венеција, од Јапонската асоцијација на современа уметност.

Н.С.Ј.