Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со триумф над Лестер (2-1) на домашен терен ја започнаа новата сезона во Премиер лигата. „Црвените ѓаволите“ до триумфот стигнаа со головите на Пол Погба и Лук Шо, додека за „лисите“ голот го постигна Џејми Варди.

  • На мечот со Лестер ми беа потребни шест измени, а не три. Сакав во игра да го уфрлам и Марсијал, но немав шанси. Погба и Фред не можат да одиграат цели 90 минути и морав тука да тактизирам. Ќе биде ова тешка сезона со оглед дека многу пари се потрошија, а сите имаат големи очекувања. Јас како тренер и клубот победивме на првиот меч, но не ја започнавме сезоната како што посакувавме. – изјави Жозе Мурињо.

Францускиот репрезентативец Погба беше еден од подобрите во дресот на Јунајтед на дуелот со Лестер. – Од одмор се вратив во понеделникот и знаев дека ќе биде тешко, особено дека ова ми е прв меч после финалето на Мундијалот. Можев пеналот да му го препуштам на Алексис, но одлучив јас да го шутирам и не погрешив. Не е важно кој ќе даде гол, туку Јунајтед да победи. 

Во втората рунда „црвените ѓаволи“ гостуваат кај тимот на Брајтон, додека Лестер на домашен терен го пречекува Вулверхемптон.

Победа на „ѓаволите“ на стартот од сезоната во Премиер лигата (видео)

OhridNews