Португалскиот стручњак Жозе Мурињо тренерската рокада во Фулам ја искористи да го „пецне“ својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед. Фулам го отпушти Клаудио Раниери и го доведе Скот Паркер кој има речиси невозможна мисија да го спаси клубот од испаѓање. Менаџерската смена на Олд Трафорд му донесе позитивен исход на Манчестер Јунајтед. На местото од Мурињо дојде Оле гунар Солскјаер кој успеа да го врати клубот во ТОП 4 на табелата во англиската Премиер лига.  

  • Фулам нема да добие подобар менаџер од Раниери. Искуството кое го има Раниери и Паркер кој прв пат ќе боди сениорска екипа е неспоредливо. Паркер може да донесе позитивен дух и добра атмосфера, но тие промени се моментални. Ист е случајот со мојот поранешен клуб. Јас не верувам во такви промени затоа што немаат долготрајност. – изјави Мурињо.

Солскјаер резултатски ги препороди „црвените ѓаволи“, а дел од играчите ја почуствуваа позитивната енергија и ја продолжија соработката со клубот. Мурињо не беше омилен ниту кај навивачите на Манчестер Јунајтед, кој ретко му вртат грб на менаџерот.

OhridNews