Со отказ заврши соработката помеѓу Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо. Португалецот го плати данокот за поразот од Ливерпул 3-1, но пред се слабите резултати и крајно лошата игра на „црвените ѓаволи“ во текот на оваа сезона. „Специјалниот“ со сооптешние се обрати до јавноста после отказот од Олд Трафорд.

  • Неизмерно сум горд што бев дел од клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Од првиот ден кога дојдов, гордо го бранев грбот и мислам дека сите се свесни за тоа. Како што беше случај и во другите клубови, работев со одлични луѓе и верувам дека некои ќе ми останат пријатели цел живот. Секогаш кога едно поглавје завршува, друго почнува и чуствувам да покажам почитување кон колегите и нема ништо да коментирам. Се надевам дека и новинарите ќе ме поштедат и ќе ме остават да водам нормален живот, барем додека се вратам во фудбалот. – стои во соопштението од Мурињо.

Португалскиот стручњак две и пол сезони беше на кормилото на Манчeстер Јунајтед. Во мандатот успеа да освои титула во англискиот Супер куга, Лига купот и Лигата на Европа.

Местото на Мурињо на Олд Трафорд управата на клубот му го довери на клупската легенда Оле гунар Солскјаер кој е поставен за менаџер на до крајот на сезоната.

OhridNews