Месец дена после отказот од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо си најде нов ангажман. Португалскиот стручњак следниов период ќе работи како стручен коментатор на телевизијата „Беин Спортст“.

Мурињо прво ќе го анализира дуелот од Азискиот куп помеѓу Саудиска Арабија и Катар, а неколку дена потоа ќе го најави и анализира градското дерби во Лондон, Арсенал – Челси.

„Специјалниот“, како што го нарекуваат англиските медиуми нема да дебитира пред малите екрани затоа што стручен аналитичар беше на Мундијалот кој се одржа минатата година во Русија

Анализирањето на Мурињо будно ќе го следи неговиот последен клуб Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ во клаузулата пред раскинувањето на договорот вметнале дека Мурињо не смее во јавноста да говори за клубот, во спротивно португалскиот тренер ќе остане без сумата која треба да ја добие како обештетување.

Мурињо во два мандати шест сезони го водеше Челси, a дуелите со Арсенал предводен од Арсен Венгер изобилуваа со голема тензија и нетрпеливост.

OhridNews