Манчестер Јунајтед повторно одигра меч под своите можности и претрпе пораз од Валенсија (2-1) на „Месталја“ стадионот во последната рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ во петтата рунда го осигураа пласманот, но на гостувањето во Валенсија потфрлија и претрпеа пораз, вкупно втор во групната фаза.

 

  • Не сум задоволен од играта, но ништо од она што се случуваше на теренот не ме изненади. Исто така ништо не научив од мечот кој го одигравме. Ни се отвори шанса за првата позиција, но не ја искористивме и тука завршува. Во последните десеттина минути се подобривме, но направив измени кои воопшто не ги планирав. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак поштеди неколку играчи во пресрет на дербито в недела помеѓу Ливерпул – Манчестер Јунајтед на Енфилд. „Црвените“ во една од најголемите дерби пресметки во светот на фудбалот ќе го дочекаат од водечкото место, додека „ѓаволите“ се на шестата позиција на табелата.

OhridNews