Португалскиот стручњак на клупата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо според светските обложувалници е прв менаџер кој ќе добие отказ од 20-те тренери, кои, ќе ги предводат екипите во новата сезона во Премиер лигата.
Коефициентот на Мурињо, драстично паднал после поразот на Манчестер Јунајтед од Ливерпул (4-1), изјавите потоа дека нема екипа за титула и поради влошените односи со спортскиот директор Ед Вудвар.
Во прилог на Мурињо не оди ниту традиција, која вели дека „специјалниот“ во поново време никогаш не ја преживувал третата сезона во клубот кој го водел.
Во последно време и навивачите на клубот ја губат трпеливоста со изјавите на Мурињо, кој се наоѓа на тежок пат оваа сезона, бидејќи се освен титула ќе биде неуспех за Манчестер Јунајтед.
OhridNews