Португалскиот стратег Жозе Мурињо со сопствена емисија посветена за и околу фудбалот ќе го започне животот после Манчестер Јунајтед. Авантурата на Мурињо на Олд Трафорд заврши неславно, откако „специјалниот“ доби отказ во декември месец минатата година.

Харизматичниот стратег сопствената емисија „On the touchline with Jose Mourinho“ ќе ја има на телевизијата „Русија денес“ со која потпиша повеќе милионски договор. Мурињо после отказот од Манчестер Јунајтед неколку пати се појави на англиските телевизии како стручен аналитичар и неговите анализи и изјави предизвикаа голем интерес.

Емисијата на Мурињо треба да започне наскоро, а во неа не смее да зборува околу Манчестер Јунајтед, затоа што двете страни имаат меѓусебен договор за користење на имињата јавност. Мурињо на Мундијалот во Русија се појави како аналитичар и за нецела седмица инкасираше речиси 2 милиони евра.

OhridNews