Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо приреди шоу после завршување на мечот со Јувентус кој неговите избраници го добија со 2-1. Португалецот со раката на ушето ги праша фановите на Јувентус како заврши мечот и го навлече гневот не само навивачите, туку и на домашните фудбалери.

  • Ме вреѓаа цели 90 минути, а јас дојдов да ја одработам мојата задача. Никој не го навредив. Со гестот покажав дека сакам да ги слушнам погласно. Не требаше тоа да го направам и да останам со ладна глава. Но, кога ми ја вреѓаат фамилијата и моите успеси претходно со Интер морав да реагирам како што заслужија. – изјави Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ со чудесен пресврт во финишот од мечот обезбедија триумф и стигнаа до трите бодови. Кристијано Роналдо погоди за Јувентус во 65-та минута, а англичаните со погодокот на Хуан Мата во 85-та и автоголот на Алек Сандро го свртеа во своја полза резултатот во Торино.

  • Успеавме да победиме, бидејќи бевме позитивни и смирено во текот на целиот натпревар. Игравме против екипа од друга димензија и не можеше мечот да заврши подобро од ова. – додаде Мурињо.

Манчестер Јунајтед викендов повторно ќе има исклучително тежок предизвик, бидејќи ќе се сретне со градскиот ривал Манчестер Сити.

OhridNews