Португалскиот стручњак Жозе Мурињо го запиша своето име во историјата од Манчестер Јунајтед, откако успеа во првата сезона да освои трофеј. Неговите избраници на Вембли во финалето од Лига купот го совладаа тимот на Саутемптон со 3-2.


– Не е лесно да освојуваш трофеи и да се бориш со притисокот кој сам си го наметнувам. Победите секогаш носат посебни емоции, а се уште имам потреба од такви. Првиот ден кога ќе осетам дека немам емоција се пакувам и заминувам дома. – изјави Португалецот.

За победата во финалето Мурињо го пофали Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот постигна два голови од кој едниот за победа 3-2 во финалето.

– Прво сакам да им честитам на фудбалерите од Саутемптон кои во најмала рака заслужија продолжение. Ние победивме благодарание на Ибрахимовиќ. Во натпревар во кој противникот беше подобар тој успеа да направи разлика и да ни донесе победа и трофеј. – рече Мурињо.

Ибрахимовиќ, пак, не го криеше своето задоволство после освојувањето на втората титула после Супер купот во Англија. – Во Манчестер дојдов да победувам и тоа добро правиме со играчите заедно. Како што старееш се повеќе го цениш секој освоен трофеј.

Манчестер Јунајтед по освојување на титулата во Лига купот го очекуваат натпревари во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на Европа.

Трилер финале на Вембли, Ибрахимовиќ херој на „ѓаволите“ (видео)

OhridNews