Со победата (1-0) над Кристал Палас на Стемфрод Бриџ фудбалерите на Челси ја освоија титулата во Премиер лигата вкупно петта во историјата на клубот.
Менаџерот на новиот англиски првак Жозе Мурињо не им гарантира на навивачите дека и следната сезона со играчите ќе застане на тронот од англискиот фудбал.
– Овој тим почна со освојување со Лига купот, а во продолживме со титулата во Премиер лигата. Сепак, следната сезона ќ биде многу потешка од оваа бидејќе сите сме свени каде живееме и против какви екипи играме во текот на целата сезона. Премиер лигата е единствена лига моментално каде што нема непобедливи тимови. Меѓутоа ние ќе дадеме се од себе и ќе се бориме да повториме успехот од оваа сезона. – рече Мурињо.
Титулата од Премиер лигата е најнова во богатата ризница на Мурињо каде има трофеи од Серија А, Примера и од португалскиот шампионат.
– Сите титули ми се подеднакво драги. Тоа е доказ дека напорното и вистински работиме на тренинзите. Неблагодарно е да ги сортирам титулите, но мислам дека ова нема да ми е последна. – додаде Португалецот.
Ohridnews