Поранешниот капитенот на „панцирите“, Бастијан Швајнштајгер дефинитивно нема да добие шанса за настап во Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо.


Португалскиот стратег оваа информација ја потврди на пресконференција за мечот со Лестер во англискиот Супер куп.

– Менаџерот ги бира играчите и некои кои не се во неговите планови мора да заминат. Секогаш работам со 20 фудбалери и 3 голмани, а така ќе биде и сега во Манчестер. И толку играчи ми се многу на располагање и ништо чудно да замине уште некој фудбалер. – рече Мурињо.

Одлуката на Мурињо со Швајнштајгер ја налути германската јавност, а и навивачите на „црвените ѓаволи“ поделени се околу потегот на „специјалниот“.

OhridNews