Манчестер Јунајтед го задржа максималниот ефект во фазата по групи во Лигата на Шампиони, откако со минимални 1-0 го совлада тимот на Бенфика на „Естедио де Луиз“.
После натпреварот португалскиот стручњак Жозе Мурињо отворено зборуваше за начинот на игра и остварените резултати на „ѓаволите“ во групата.
– Некогаш осеќам дека е грев добро и организирано во одбрана. Да бидиш добар во одбрана значи чекор поблиску до посакуваниот резултат. Ние во ЛШ имаме девет бодови, еден поен не дели од нокаут фазата, а победа од првата позиција. – рече Мурињо.
Рекордер и трагичар во една вечер беше голманот на Бенфика, Миле Свилар. Тој со 18 години и еден месец стана најмладиот голман во ЛШ, но една негова грешка ја чинеше Бенфика пораз и невозможна мисија за пласман во нокаут фазата.
– Им реков на моите фудбалери дека младиот голман е добар. Имавме посебна стратегија, особено на прекините на кои премногу ризикуваше. На корнерите повеќе играчи остануваа во голманскиот простор за да го направиме несигурен и да му ја нападниме неговата самодоверба. На наша среќа една негова грешка нас ни донесе значајни три бодови. – додаде Мурињо.
ЛШ: Ѕвездата на вечерта го даруваше три бодови Манчестер Јунајтед (видео)
OhridNews