Манчестер Јунајтед во последната минута од судиското продолжение прими погодок и остана без трите бодови на „Кинг Пауер“ стадионот на дуелот со Лестер кој заврши (2-2). „Црвените ѓаволи“ низ неколку прилики не ги валоризираа шансите и играчот повеќе кој го имаа по исклучувањето на Амарти во 73-та минута.
– Не победивме поради нашите неверојатни можам слободно да кажам забавни промашувања пред нивниот гол и многуте детски грешки кои ги направивме во одбрана. Нашите противници не казнија за сопствените грешки и ни скратија два бодови од кои не делеа неколку секунди. – изјави Жозе Мурињо.
За навивачите на клубот од Олд Трафорд ова е втора шок терапија, откако „ѓаволите“ пред неколку дена неочекувано изгубија од Бристол Сити 2-1 и отпаднаа од англискиот Лига Куп.
Натпреварите во Премиер лигата продолжуваат на 26-ти декември, а Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречекува тимот на Барнли.
OhridNews