Екипата на Ливерпул со Стивен Џерард во составот против Челси на Стемфорд Бриџ има одиграно неколку легендарни натпревари. За Џерард мечот од 36-та рунда ќе биде последен што се однесува во дуелите со „сините“ и Жозе Мурињо во Премиер лигата.
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо пресконференција пред мечот со Ливерпул ја искористи да му оддаде почит на Џерард, кој по завршување на сезоната ќе го напушти клубот и ќе се пресели во америчката МЛС лига.
– Џерард се обидов да го донесам во Челзи, Интер, Реал Мадрид, но тој ми остана драг непријател. Да го запреш, или барем да се обидеш да го запреш е многу тешко. Многу ми е жал што во недела ќе играм за последен пат против него. Тој е мојот најдраг непријател. Непријател кон кого ги чувствувам сите можни добри чувства. Победував, губев, играв нерешено против него, како последен играч за врска, како осумка, класична десетка, играјќи во одбрана со тројца. Многу ми е жал што ќе играм последен пат против него, бидејќи потребни ми се луѓе како него за да ме направат подобар менаџер. Којзнае, можеби некогаш ќе играм против него, како менаџер против менаџер. – рече Португалецот.
Пред почетокот на натпреварот на Стемфорд Бриџ фудбалерите на Ливерпул со „тунел на победата“ ќе ги пречекаат „сините“ кои ја обезбедија петтата титула во најсилната англиска лига.
Мх.П.