Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо откри дека моментални ѕвезди на Манчестер Јунајтед Анхел ди Марија и Радамел Фалкао биле пред вратите на Стемфорд Бриџ.
Агентот на двајцата фудбалери Жорге Мендеш му ги понудил на неговиот сонародник, но „специјалниот“ тогаш ги одбил.
– Веднаш го одбив. Не сакав ниту еден во мојот тим. Неможам да замислам некој во тимот да заработува десет милиони, а некои кои исто така гинат на теренот да заработуваат три, четири или пет. Нивните трансфери ќе ни направеа голем раздор во екипата – рече Мурињо.
Аргентинецот за рекорден трансфер во Англија го засили Јунајтед, а Фалкао настапува како позајмен фудбалер настапува во дресот на „ѓаволите“.
Мх.П.