Официјалната пресконференција за натпреварот со Дерби Каунти во рамките од ФА Купот менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја искористи да ги прозва своите колеги од Челси и Ливерпул, Антонио Конте односно Јирген Клоп.

Португалскиот стручњак на прашањето зошто не ги прославува головите покрај аут линијата како порано изјавил дека не е клов и оти за такво навивање има двајца менаџери алудирајќи на Конте и Клоп.

– Тоа што не се радувам не значи дека немам и пасија за фудбалот. Не се однесувам повеќе како кловн затоа што има двајца менаџери кои моментално се задолжени за такво славање на головите. – рекол Мурињо.

По ваквите изјави на „специјалниот“, англиските медиуми веднаш се вратија во минатото и го потсетија Португалецот како го славеше голот на Порто на Олд Трафорд, пласманот на Интер во финалето во ЛШ на Ноу и други.

OhridNews