Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е најголем кандидат за презамање на менаџерската позиција на Олд Трафорд, но во името на Маурицио Покетино тој доби(ва) сериозна конкуренција.


Покетино го препороди Тотенхем по презамањето, а исто така главен виновник е за развивањето на Саутемптон од каде го засили лондонскиот премиерлигаш.

„Петлите“ под палката на 43-годишниот стратег моментално се наоѓаат на втората позиција позади лидерот на табелата на Лестер разбивајќи го митот за „големата четворка“ во Премиер лигата.

Според англиските медиуми Мурињо имал веќе првични разговори со управата на „црвените ѓаволи“ за наследување на Луис ван Гал, а Покетино е само опција плус која со сигурност ќе му ги замрси сметките на „специјалниот“.

OhridNews