Од првиот ред на трибините во Лондон португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо ги следеше натпреварите на завршниот турнир од мастер АТП серијата.
На последниот турнир за годинава триумфираше Новак Ѓоковиќ, кој ja одбрани титулата освоена минатата година.
– Тенисот е неверојатен спорт и фудбалерите можат многу учат од тенисерите. Тие се сами на теренот, сами си ја кројат својата судбина и тие се големи победници. Го обожавам тенисот и бев пресреќен кога Ѓоковиќ ми пружи рака да се поздравиме – рече Мурињо.
Светскиот рекет број е голем фан на Челси каде настапуваат Бранислав Ивановиќ и Немања Матиќ, но е навивач на Милан што не му оди во прилог на Мурињо.
Мх.П.