Влегувањето на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо во соблекувалната каде престојувале судиите после натпреварот Стоук – Манчестер Јунајтед кој заврши без победник 1-1 е една од причините за повлекувањето на Марк Клатенбург од судиската фела во Премиер лигата.

Најдобриот англиски судија во тој период се` повеќе открива работи кои во текот на кариерата тешко дека некој судија ќе ги признае и каже јавно. Прво тој изјави дека го оставил Тотенхем сам да се уништи во дербито со Челси после кое стана јасно дека Лестер ќе биде шампион, а сега и за блиската средба со Мурињо на „Британија“ стадионот. 

– Стадионот на Стоук е еден од најладните и најврнежливите, а судењето на Манчестер Јунајтед никогаш не е лесно. После мојот последе судиски свиреж задоволно го напуштив теренот поради добрата арбитража. Со мене во соблекувалните не се сложи Мурињо, кој ме критикуваше за играње со рака кое јас не го видов. Знаев дека сум во право во тој случај и неговите зборови ми оставија голем сомнеж. Возејќи за дома размислував дали погрешив и дали го оштетив Манчестер Јунајтед. Самиот на себе си постави прашање дали уживам во судењето. Кога си одговорив негативно, пресеков и соопштив дека се повлекувам. – изјави Клатенбург.

На тој дуел голот за Манчестер Јунајтед го постигна Вејн Руни во судиското продолжение и се изедначи со Сер Боби Чарлтон на вечната листа на стрелци на Олд Трафорд.

OhridNews