Одлуката за патникот во најдобрите осум од двомечот Галатасарај – Челси ќе падне на „Стемфорд Бриџ“ откако првиот меч заврши без победни 1-1.

– Ова беше емоционална ноќ. Ние игравме против голем клуб со големи играчи и пред полн стадион. Се сретнав со моите поранешни играчи и беше добро да се споделат нови моменти – рече Мурињо.

Избраниците на португалскиот стратег имаа водство, но не знаеја да го сочуваат и во Лондон да заминат со минимална победа.

– Јас сум задоволен од моите играчи како го одиграа натпреварот. Одигравме добро прво полувреме, а уште тогаш можевме да го решиме мечот. Тие во вториот дел ни извршија притисок и успеаја да постигна погодок за изедначување – заврши Мурињо.

Мх.П.