Легендарниот португалски репрезентативец Луис Фиго поднесе кандидатура во изборот за прв на човек на светска куќа на фудбалот (ФИФА) и веднаш беше поддржан од неговиот сонародник Жозе Мурињо.
– Верувам во неговиот каракактер и одлучност и страста која ја осеќа кон фудбалот. Тој би бил претседател, кој би се грижел за фудбалот и неговот унапредување – рече Мурињо.
Во фудбалската кариера Фиго настапуваше за екипита на Спортинг, шпанските Барселона и Реал Мадрид и италијанскиот калчолигаш Интер.
По завршувањето на кариерата остана на „Џузепе Меаца“ и го стекна потребно искуство од две години работење во клуб што е неопходно за кандидатура за прв човек на ФИФА.
Ohridnews