Дефензивците Матео Дармијан и Дејли Блинд ќе мораат да бараат нов клуб за продолжување на кариерата, откако португалскиот стручњак Жозе Мурињо им обелоденил дека не смета на нив за следната сезона.

Договорот на двајцата фудбалери истекува на крајот од следната сезона, а „црвените ѓаволи“ со евентуална продожба ќе проба да заработи сума на пари која ќе ја искористи за купување на друг дефанзивец.

Дармијан, многу веројатно ќе се пресели во Јувентус, додека Блинд се поврзуваше со Барселона, но се уште никоја екипа конкретно не се изјаснала за услугите на холанѓанецот.

OhridNews