Се уште нема поминато ниту третина од новата сезона, а менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо крои трансфер планови за следната. Португалецот се впушта во офанзива за Месут Озил кој моментално ги брани боите на Арсенал.
Ако во текот на оваа сезона германскиот репрезентативец не го продолжи договорот со „топчиите“ тој ќе биде слободен играч и без никаква оштета може да го засили клубот од Олд Трафорд.
Во прилог „ѓаволите“ оди успешната соработка на Германецот со Мурињо додека двајцата беа дел од моменталниот Европски шампион, Реал Мадрид.
Англиските медиуми сензационално го најавија походот на Мурињо кој воопшто Арсенал не треба да го занемари кој пред одредено време за 25 милиони евра во Манчестер го пушти Робин ван Перси.
OhridNews