Студената војна помеѓу менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо и најскапиот фудбалер на Олд Трафорд Пол Погба продолжи и после мечот со Бурнмаут кој Манчестер Јунајтед го доби со 2-0 и се зацврсти на втората позиција од табелата во Премиер лигата.
Погба кој беше прогласен за играч на натпревар при измената во 80-та минута се поздрави со Карик и Переира, но не и со Мурињо, кој пак, не штедеше пофални зборови за Французинот после мечот.
– Не сакам да издвојам одреден играч во натпреварот, не сум обожавател на такви работи, но морам да кажам дека Погба одигра многу добро. Против Манчестер Сити тој дејствуваше феноменално, но денес беше многу, многу добар. – изјави Мурињо.
Англиските медиуми неодамна пренесоа сензационална информација дека љубовта помеѓу Мурињо и Погба „пукнала“ до тој случај што Португалецот побарал францускиот репрезентативец да се стави на трансфер листа.
„Ѓаволите“ го обелија образот во Бурнмаут (видео)
OhridNews