Подзаборавениот фудбалер на Тотенхем, Емунаел Адебајор е една од трансфер желбите на португалскиот стручњак Жозе Мурињо за следната сезона.
Адебајаор сезонава има само дванаесет настапи за Тотенхем, а Мурињо сака да го доведе на позајмица и да биде трета или четврта опција по Диего Коста, Лорик Реми и Дидиер Дрогба во нападот.
„Специјалниот“ во 2011 година кога го водеше тимот на Реал Мадрид еднаш веќе го ангажираше Адебајор, кој настапуваше за Манчестер Сити и бележеше солидни игри во кралскиот клуб.
Диего Коста сезонава е најдобар стрелец во Челси, но напаѓачот се соочи со неколку суспензии поради немирниот карактер, а Дрогба не може да го издржи јакото темпо во Премиер лигата.
Мх.П.