Жозе Мурињо во пресрет на дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ во рамките од осмата рунда во Премиер лигата проговори за неговото второ заминување од клубот.


„Специјалниот“, го обвини клубот за измама односно превртување на фактите во медиумите и сигурно нема да има пријателски пречек како до сега во Лондон.

– Јас бев отпуштен и немаше обостран раскин на договорот како што беше пренесено во медиумите. Да се биде отпуштен во фудбалот е нормална работа и нема потреба да се извртуваат работите. Многу големи тренерски имиња во кариерата имале моменти кога не оди и биле отпуштени. Немаше да ми биди тешко ако не се работеше за клуб на кој ништо не му дадов. Но, кога е во прашање Челси, каде во двата мандати освојував титули емоцианално заминав. – рече Мурињо.

Дерби дуелот во Премиер лигата се игра в недела со почеток во 17 часот.

OhridNews