Навивачите на Манчестер Јунајтед во името на Жозе Мурињо гледаат спас и шанса за враќање на шампионските патеки по кој клубот чекореше се до заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
Иако Португалецот не е промовиран за наследник на Луис ван Гал сите тоа го очекуваат. Свое видување за ситуацијата и евентуалното преземање на кормилот на Олд Трафорд даде и Френк Лампард.
– Мурињо може да го води секој клуб на планетата. Во Порто докажа дека може да води мал тим, а потоа имаше успеси со гиганти како Челзи, Интер и Реал. Работата во Манчестер Јунајтед нема да му биде лесно, но сигурно може да излезе на крај затоа што тој е вистинскиот за таа позиција. – рече Лампард.
Тој со „специјалниот“ соработуваше два пати, а во првиот заедно успеаја да освојат две титули во Премиер лигата.
OhridNews