Менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо ја одби понудата на Јувентус за едногодишна позајмица за колумбискиот репрезентативец Хуан Квардадо.


Колумбиецот во зимскиот преоден рок го засили Челси од Фиорентина, но во текот на сезоната добиваше премалку шанса за настап во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Таквата ситуација максимално сакаше да ја искористи „старата дама“ која сезонава доста е активна на трансфер пазарот.

Во прилог на Јувентус одеше и искуството во калчолигатата на Квардадо кој порано ги бранеше боите на Лече и Удинезе.

Ohridnews