Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е нов менаџер на Манчестер Јунајтед откако со клубот ги договори сите услови за три годишна соработка.
Мурињо и управата на „црвените ѓаволи“ ги надминаа сите проблеми околу спонзорските договори и за брзо време клубот треба да излезе со официјално соопштение за новиот предводник.
Португалецот на менаџерската функција на Олд Трафорд ќе го наследи Луис ван Гал кој заработи отказ една сезона пред истекувањето на тригодишниот договор.
Следната сезона во Премиер лигата ќе се случува вистинска фудбалска војна бидејќи на менаџерските позиции ќе бидат Јирген Клоп-Ливерпу, Антонио Конте-Челси, Жозе Мурињо-Манчестер Јунајтед и Пеп Гвардиола-Манчестер Сити.
OhridNews