Португалскиот стручњак Жозе Мурињо во својот тим Челси го посакува Златан Ибрахимовиќ кој пак има желба богатата кариера да ја заврши во Наполи.


Мурињо и Ибрахимовиќ имаа плодна соработка во Интер освојувајќи титули во Серија А пред шведскиот репрезентативец да замине во Барселона.

– Ибрахимовиќ ми рече дека сака кариера сака да ја заврши во Наполи, но голема пречка за тоа е првиот човек на Наполи, Де Лаурентис. – изјави менаџерот на Швеѓанецот, Мино Раиола.

Интерес за потписот на Ибра покажува и екс клубот Милан, а неговото име се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед.

Ohridnews