Жозе Мурињо го повлече првиот потег како менаџер на Манчестер Јунајтед откако нов професионален договор со клубот потпишаа Камерон Бортвик Џексон и Маркус Рашфорд.


Тинејџерите од академијата на Олд Трафорд потпишаа нови и побогати договори од четири години со можност за продолжување на уште една плус.

Рашфорд и Бортвик Џексон дебитираа сезонава под водствот на Луис ван Гал, а првиот стигна и до деби настап во дресот на Англија.


Со новите договори Рашфорд и Бортвик Џексон ќе заработува 25 000 фунти неделно плус бонуси.

OhridNews