Белгискиот репрезентативец Ромео Лукаку е нов фудбалер на Евертон откако менаџерот на Челси, Жозе Мурињо крена раце од корпулетниот напаѓач.
„Карамелите“ за неговите услуги на „сините“ им исплатија големи 28 милиони евра, а тој во редовите на Стемфорд Бриџ пристигна од Андерлехт за 11 милиони евра.
Лукаку иако како позајмен играч од Челси имаше успешни сезони во ВБА и Евертон сепак не ги задоволи апетитите на Мурињо.
Мх.П.