Лошата поставеност и комуникација на Крис Смолинг и Фил Џонс за голот на Њукасл, кој му нанесе пораз на Манчестер Јунајтед на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ ја прели чашата кај Жозе Мурињо кој многу веројатно ќе преземе конкретни мерки и ќе го ослободи од обврските дефанзивниот двоец.

Смолинг и Џонс на Олд Трафорд допатуваа по желба на Сер Алекс Фергусон, но се чини дека не ги оправдаа неговите очекувања и не прераснаа во дефанзивци какви тој ги замислувал.

„Црвените ѓаволи“ сезонава во 19 мечеви ја сочуваа сопствената мрежа, но „специјалниот“ не е задоволен од перформансите на Смолинг и Џонс, па и од Виктор Линделоф кој беше најавуван како големо засилување за одбраната. По вкусот на Мурињо единствено е Ерик Баи кој од ноември месец ја залечува повредата на коленото.

Како замени за Смолинг и Џонс на Олд Трафорд се споменуваат Рафаел Варан од Реал Мадрид и Хери Магуери од Лестер.

OhridNews